Промоција на зборник од заеднички проект на МАНУ и БАН

Од:

Македонската академија на науките и уметностите денеска организира завршна промоција на заеднички зборник со Бугарската академија на науките, насловен „Модернизмот во бугарската и во македонската литература“.

Промоцијата е по повод завршувањето на проектот „Европските вредности во делата на македонските и бугарските писатели од 20 век“.

Промоцијата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

За проектот и за зборникот ќе зборуваат: проф. д-р Елка Трајкова, директор на Институтот за литература на Бугарската академија на науките, проф. д-р Александар Јорданов, раководител на проектот од бугарска страна и акад. Милан Ѓурчинов, раководител на проектот од македонска страна.

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија