Началникот на Генералштаб на израелската армија Бени Ганц денеска нареди да се мобилизираат 16.000 резервисти во рамки на воената операција „Столб на одбраната“ против вооружени групи во Појасот Газа.
Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак вчера одобри мобилизирање на вкупно 30.000 резервисти.
– Процедурата е во тек, армијата им испрати покани за мобилизација на 16.000 војници од резерва. Се подготвуваме да ја прошириме воената операција во Газа, истакна воениот портпарол, генерал Јоав Мордехај.