Најголемата латиноамериканска авионска компанија ги запре летовите кон Венецуела

Од:

 Најголемата авионска компанија во Латинска Америка „Латам“ соопшти дека ги прекинува своите летови кон Каракас и кон Венецуела, поради „влошената економка состојба“ во оваа земја.

Одлуката на „Латам“ доаѓа непосредно по решението на германската „Луфтханза“ да ги суспендира на неопределено време летовите, затоа што Венецуела им должи „многу пари“ на Германците, од ненаплатените а продадени авионски карти за летовите кон и од Каракас.

Повеќе странски авионски компании се жалат дека државната контрола врз девизите во Венецуела го оневозможува нормалното работење, а на компаниите не им носи речиси никаков профит.
Строгата државна контрола врз девизите, првпат е воведена во 2003 година, како една од првите мерки на левичарење во домашната економија што ја иницираше тогашниот претседател Уго Чавез.
Пред две години, контролата врз девизите стана уште поостра, откако земјата не можеше повеќе да ги сервисира своите основни потреби.

Авионските компаии сега инсистираат авионските билети да се плаќаат исклучиво во американски долари, наместо во венецуелски боливари.

Богатата со нафта Венецуела се соочува со тешка економска состојба и социјална криза, како последица на падот на цената на суровата нафта, но и на водењето левичарска, популистичка политика во домашната економија.

Тоа предизвика земјата да не може да ги плаќа потребите за набавката на основните прехранбени и други производи на населението, што доведе до недостиг на голем број стоки на домашниот пазар.
Земјата подолго време се соочува и со суша и недостиг на струја, а владата нема пари за увоз на енергија, па воведени се постојани и тешки рестрикции во трошењето.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски