Британската кралица Елизабета Втора се најде на мета на критики кога е издаден огласот дека се бараат хигиеничарки за палатата Виндѕор, чија плата е 78 пени помала од границата на сиромаштијата.
Ова е инаку Недела на минималната заработувачка, само неколку недели откако лабуристичкиот лидер Ед Милибанд излезе со програма на партијата за обезбедување плата на работниците која ќе може да ги задоволи трошоците за живот.
Борците за правата на работниците од организацијата „Ливинг вејџ“, бараат заработката на час да биде најмалку 7,45 фунти надвор од Лондон, а во Лондон 8,55 фунти.
Огласот, меѓутоа, неодамна поставен на сајтот на Бакингамската палата за местото хигиеничарка нуди 6,67 фунти по час, што е само 47 пени над државниот минималец – што е еднакво на годишна плата од 13.000 фунти.
Портпаролот на Бакингамската палата одби да ја коментира оценката дека кралицата на овој начин дава лош пример за другите работодавци.