ЛДП: Итен прекин на безмилосното уништување на зеленилото

Од:

„Продолжува уништувањето на зелените површини во Скопје. Ова е веќе редовна појава и тоа во услови кога загадувањето на воздухот достигнува драматично високо ниво,  поради што Скопје е најзагаден главен град во Европа.

Концентрацијата на ПМ 10 честички, како и на ПМ 2,5 честички, околу 200 дена во градот е над дозволеното ниво, а честопати и повеќе од 5 пати над дозволеното ниво.

Пред два дена на планината Водно, која преставува “бели дробови“ на градот Скопје е забележано нелегално сечење на боровата шума заради пробивање на пат кон приватен имот. Притоа без никакова реакција од надлежните во општината Карпош.

Либерално-демократската партија бара од надлежните органи во општината Карпош, од градот Скопје и од надлежните државни органи веднаш да утврдат одговорност за ова бесправно сечење на планината Водно. За жал, веднаш по ова, вчера се случи уште едно безмилосно уништување со сечење на дрвата позади зградата на Владата на Република Македонија.

ЛДП ја прашува Владата, кому му сметаа дрвата? Зошто Владата побарала да се исечат дрвата позади зградата на Владата и со тоа да се продолжи со уништување на зеленилото“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство