Богата програма на Ролан Гарос

Од:

По вчерашниот ден без тенис на Ролан Гарос организаторите за денеска предвидуваат богата програма од причина што временските (не)прилики, односно дождот веќе им создаде многу проблеми.

На четирите први терени предвидени се да се играат четирите меча кај мажите од осминафиналето, како и четирите во женска конкуренција, кои воопшто не се ни почнати, а исто така треба да се доиграат и два дуела од неделата кај жените кои беа прекинати поради дожд.

Во осминафиналните мечеви кај мажите ќе играат:
Новак Ѓоковиќ- Роберто Баутиста-Агут,
Давид Ферер – Томаш Бердих,
Давид Гофин – Ернестс Гулбис и
Марсело Грањолерс – Домник Тием.

Кај жените од осминафиналето треба да ги доиграат дуелите:
Агнешка Радванска – Цветана Пиронкова (6:2 и 3:0 за Радванска и
Симона Халеп – Саманта – Стосур (5:3 за Халеп).

На теренот ќе се појават и:
Серена Вилијамс – Елина Свитолина,
Венус Вилијамс – Тимеа Башчински,
Кики Бертенс – Медисон Кејс и
Карла Суарез Наваро – Јулија Путинцева.

Доколку дозволат временските услови закажани за денеска се и два четвртфинални меча кај мажите:
Ришар Гаске – Енди Мареј и
Алберт Винолас – Стан Вавринка.

Според најавата мечевите треба да стартуваат во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ