Силни земјотреси регистрирани во Тајван и на јужните јапонски острови

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди изутринава Тајван, а потресот беше почувствуван и во главниот град Тајпеј, но нема соопштение за евентуални жртви или причинета материјална штета, соопшти Европско-медитеранскиот сеиозмолошки центар.

Геофизичкиот институт на САД го регистрираше потресот на 110 километри североисточно од Тајпеј и соопшти дека интензитетот бил 6,4 степени, а епицентарот бил на длабочина од 248 километри.

Според метеоролошката служба на Тајван земјотресот бил со интензитет од 7,2 степени.

Жителите на Тајпеј велат дека земјотресот е почувствуван во зградите на главниот град, вклучувајќи ги и тие на Парламентот и на меѓународниот аеродром „Таојуан“.

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени е регистриран денеска и на јужните јапонски острови, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти јапонската метеоролошка служба.

Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на две илјади километри југозападно од Токио, на длабочина од 220 километри.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате