Жителите на Хрватска на градските плоштади со громогласен аплауз ја проследија ослободителната пресуда за генералите Анте Готовина и Младен Маркач. Најголем собир е организиран на плоштадот во Загреб, каде што се собраа повеќе илјади граѓани.
Хрватскиот генерал Анте Готовина е ослободен од обвиненијата за воени слозторства за акцијата „Олуја“ во жалбената постапка пред судот во Хаг, кој во првичната постапка го осуди на 24 години затвор за злосторничко здружување и учество во етничко чистење, нечовечко однесување и кршење на правилата на војување.
Ослободителна пресуда доби и генералот Младен Маркач, кој првично беше осуден на 18 години затвор.
„Готовина ги презел сите разумни мерки за да воведе ред. Во случајот Готовина не постоеше голема постапка која би претставувала основа за казнена одговорносст“, рече судијата Мерон.
Легитимните напади не можат да бидат окарактеризирани како депортација. Не постоел здружен злосторнички потфат, додаде судијата Теодор Мерон.