Здрави колачиња со бадеми

Од:

Не се печат, вкусни се и здрави…

Потребно е:

3/4 чаша (од 250 мл) мелени бадеми
1/4 чаша овесни снегулки, сомелени во брашно
2 лажици путер од кикирики
1,5 лажица кокосово масло
1,5 лажица јаворов сируп или мед
1/4 лажиче цимет
1/4 лажиче екстракт од ванила
прстофат сол

за преливот:
3 лажици кокосово масло
3 лажици јаворов сируп или мед
2 лажици какао во прав
на врв на нож сол

Подготовка:
– Бадемите и овесните снегулки сомелете ги во брашно и сипете ги во поголем сад.
– Додадете путер, кокосово масло, јаворов сируп или мед, цимет, екстрактот од ванила и сол. Мешајте убаво додека да добиете хомогена смеса.
– Калапот за мафини обложете го со хартиени корпички или пак намастете го. Наполнете ги дупките до половина со смесата и израмнете ја површината.
– Преминете на подготовка на преливот. Сите состојки за преливот убаво изматете ги за да нема грутки и прелијте над смесата со бадеми во калапот.
– Колачињата ставете ги во фрижидер 30-45 минути за да се стегнат.
– Извадете ги од калапот и послужете.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ