Францускиот тенисер Ришар Гаске успеа да го елиминира петтиот носител Кеи Нишикори и да се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос.
Гаске беше подобар и мечот го доби со 3-1 во сетови. Тој во следната рунда ќе игра против вториот носител Енди Мареј. Гаске е последниот домашен тенисер, кој се уште настапува на Ролан Гарос откако другите претрпеа елиминации.
Пласман во четвртфиналето изборија уште Стан Вавринка и Алберт Винолас.
Кај жените синоќа два меча беа прекинати и ќе продолжат денеска. Втората носителка Агнешка Радванска води против Цвената Пиронова со 6:2 и 3:0 во гемови, додека Симона Халеп има предност од 5:3 во гемови против Саманата Стосур.
Четвртфинале изборија Шелби Роџерс и Гарбине Мугуруза.
Денеска на програмата се и другите осминафинални мечеви во двете конкуренции:
Давид Гофин – Ернестс Гулбис,
Новак Ѓоковиќ – Роберто Баутиста-Агут,
Марсел Грањолерс – Доминк Тием,
Давид Ферер – Томаш Бердих,
Серена Вилијамс – Елина Свитолина,
Венус Вилијамс – Тимеа Башчински,
Карла Суарез-Наваро – Јулија Путинцева и
Кики Бертенс – Медисон Кејс.