Завршниот турнир и четирите одиграни натпревари го промовираа полскиот првак Киелце во нов европски шампион. Подвигот што го направи оваа екипа и што успеа големата негатива во финалето да ја претвори во победа, очекувано на дури пет играчи од новиот шампион им донесе место во најдобрата „седморка“ на завршниот турнир.
Најдобрата „седморка“ ја сочинуваат:
Лево крило – Кристијан Угалде (Веспрем),
Лев бек – Михаел Хансен (ПСЖ),
Среден бек – Урош Зорман (Киелце)
Десен бек – Кшиштоф Лијевски (Киелце)
Десно крило – Тобиас Рајхман (Киелце)
Пикер – Жулиен Агинагаллде (Киелце)
Голман – Славомир Шмал (Киелце).