Општина Центар ја реконструира улицата„Христо Чернопеев“ на Водно

Од:

Општина Центар ја започна реконструкцијата на улицата “Христо Чернопеев“ на Водно. Жителите на овој дел од Центар имаа големи проблеми со честите поплавувања, поради немањето на фекална и атмосферска канализација на дел од улицата, како и со оштетувањата на асфалтот.

Надлежните служби на општина Центар веќе работат на реконструкцијата на коловозот.

Жителите од улицата “Христо Чернопеев“ за прв пат ќе добијат атмосферска и фекална канализација.

Паралелно се разгледува можноста и се прават напори за нова водоводна мрежа, поради честите пукања на цевките.

Должината на коловозот е 345 метри и е една од десетте улици кои што се обновуваат на Водно, како дел од акцијата “Нова пролет, нова офанзива“.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец