Поглед во кабината на новата „Панамера“

Од:

На Интернет се појави фотографија од внатрешноста на втората генерација на моделот „Порше Панамера“, кој треба да биде претставен до крајот на 2016 година. 

Иако германскиот производител планираше да го сокрие дизајнот на ентериерот на новата „Панамера“ од љубопитните очи на јавноста до премиерата, една фотографија сепак се излезе на виделина.

Внатрешноста на автомобилот е помодерна од актуелната верзија, со значително помалку класични копчиња и со нов голем екран со мултимедијален систем во форма на таблет.

Дисплејот зазема најголем дел од горната позиција на централната конзола, па централните вентилациски отвори наместо од страна, како на првата генерација, се наоѓаат нешто пониско, на панел на кој е рачката на менувачот, а командите меѓу возачот и совозачот се активираат на допир на прст.

Новата „Панамера“ е поставена е МСБ механичка платформа на групацијата „Фолксваген“, а се очекува дизајнот од надворешноста да биде инспириран од концептот „Спорт Туризмо“ од 2012 година.

Моториите ќе опфатат турбо В6 и В8 единици, а во понудата ќе биде и верзија со хибриден погон.

Како ќе изгледа „Порше Панамера“ за 2017 година можеби ќе дознаеем веќе во октомври на Парискиот автосаем. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ