Илјадници бараат казна за родителите на детето кое падна во живеалиште на горилата

Од:

Големи реакции во САД предизвика усмртувањето на мажјакот горила во зоолошката градина во Синсинати, во сојузната држава Охајо, откако во неговиот ограден простор падна тригодишно момченце, и веќе шест илјади луѓе во неделата ја потпишаа петицијата со која се повикува да бидат казнети родителите кои го оставиле своето бебе без надзор.

„Горилата умре поради тоа што родителите на детенцето не внимавале на него. Во спротивно, тоа не би можело да пропадне во јазот. Тие родители мора да понесат одговорност поради тоа што го оставиле детето без надзор“, се истакнува во петицијата „Прада за Харамбе“ поставена на интернет. Нејзината страница на Facebook веднаш доби 2.000 „лајкови“.

Полициската управа на Синсинати сите прашања во врска со овој инцидент ги препратува на обвинителството на округот Хамилтон.

Во саботата службениците во зоолошката градина Синсинати мораа да го застрелаат 17-годишниот мажјак горила по име Харамбе поради спасувањето на тригодишното дете кои е успеало да се провре низ оградата и да падне во јазот со вода пред живеалиштето на единаесетте примероци од овој вид примати. Момченцето се наоѓало околу десетина минути во шепите на моќниот примат со тежина од 181,4 килограми, а е хоспитализирано без повреди опасни по животот.

Како што претходно за новинарите објасни директорот на зоолошката градина Тејн Мејнард, „животното почнало да го влечка малечкото“. „Нашите работници проценија дека момченцето е во смртна опасност и донесоа тешка, но исправна одлука“, додаде Мејнард.

Појасни дека вработените не ризикувале да користат средства за успивање, бидејќи толку големо животно не би било успиено веднаш со еден погодок. Додал и дека ова е прв ваков случај во 38-годишното постоење на оваа зоолошка градина.

Би можело да ве интересира

Резаи: Ако продолжиме со војната, ќе им го загорчиме животот на американскиот народ

Иран: Американски авиони ги нападнаа нашите бродови, има мртви

(ВИДЕО) Има загинати во израелско-американскиот напад врз Иран

Иран: Нема договор без ослободување на замрзнатите средства

Горан Наумовски

Цел на американскиот напад е иранскиот град Бандар Абас

Горан Наумовски

Рубио: Слободната пловидба низ Ормутскиот теснец е стратешки приоритет