Мареј обезбеди четвртфинале на Ролан Гарос

Од:

Вториот носител на Ролан Гарос, Енди Мареј обезбеди пласман во четвртфиналето откако денеска оствари победа од 3-0 во етови во мечот со Џон Изнер. Тој во следната рунда ќе игра со победниот од мечот Кеи Нишикори – Ришар Гаскет.

Во второто четвртфинале ќе играат актуелниот шампион на Ролан Гарос, Стан Вавринка и Алберт Винолас. Вавринка со 3-1 во сетови го победи Виктор Троицки, додека Винолас беше подобар од Милош Раониќ со 3-0 во сетови.

Кај жените во денешните осминафинални мечеви Гарбине Мугуруза ја победи Светлана Кузнецова со 2-0 во сетови, додека нејзина ривалка во четвртфиналето ќе и биде Шелби Роџерс која со 2-0 ја победи Ирина Бегу.

Во тек се мечевите: Симона Халеп – Саманта Стосур и Цветана Пиронкова – Агнешка Радванска.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ