Хамилтон победник во Монте Карло

Од:

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон е победник на денешната трка што се возеше на улиците на Монте Карло. Ова за него е прва победа сезонава.

Второто место му припадна на Даниел Рикардо од Ред Бул, а третото место на подиумот му припдна на Серхио Перез од Форс Индија.

Себастијан Фетел од Ферари заврши на 4. место, а Фернандо Алонсо од Мекларен заврши на петото место. Водечкиот во генералниот пласман Нико Розберг го освои шестото место.

Тој ја задржа и првата позиција во генералниот пласман со 106 бодови, пред Хамилтон кој има 82. На третото место се наоѓа Рикардо со 66, пред возачите на Ферари Фетел и Кими Раиконен кои имаат по 61 и 60 бодови.

Следната трка се вози на 12.јуни за Големата награда на Канада во Монтреал.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес