Денеска во Хашкиот трибунал треба да започне изрекувањето на правосилната пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.
Тие се обвинети за прогон, депортација, нечовечко постапување, убиства, кражби на јавни и приватни имоти, уништување на српски градови и села за време и по „Олуја“.
Според првостепената постапка пред судот во Хаг, на 15-ти април 2011-та година, Готовина е осуден на 24 години затвор, Маркач на 18, а останатиот член на „хрватската тројка“, генералот Иван Чермак е ослободен од обвинението.
Судењето за „Олуја“ започна на 11. март 2008-ма година за воените злосторства од август 1995-та година.