Првата мигрантска партија во Холандија се подготвува за изборите во 2017 година

Од:

Политичкиот и општествениот успех на првата европска партија на мигранти формирана во Холандија, која следната година излегува на парламентарни избори во оваа земја, предизвика внимание кај медиумите од германското  говорно подрачје.

Повеќето холандски медиуми притоа се повикуваат на анализата објавена во германските медиуми, во која се одмеруваат идните трендови и се изведува паралела со, за сега, неуспешната германска муслиманска партија БИГ (Сојуз за иновација и правда).

Во Холандија сега постои партија на доселеници и луѓе со мигрантско потекло: Денк. Ова „движење“, како што самото се нарекува, им е се поинтересно на медиумите во земјата.

Партијата Денк, која на германскиот јазик се слуша како наредбата „Мисли!“, кон крајот на 2014 година ја основаа двајцата парламентараци од туско потекло, Тунахан Кузу и Селчук Озтурк, кои по кавгата околу интеграциската политика на владата ја напуштија својата социјалдемократска фракција и основаа сопствена, религиозно-политичка партија.

Тоа што на почетокот личело на приватна војна на двајца понизни муслимани со холандските социјалдемократи заради нивниот критички став кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, овие денови се развива во помодарска појава меѓу младите неохоланѓани.

Во ноември прво на партијата и пристапи поранешната мис на Холандија за 2014 година, Татјана Маул, чие семејство е со потекло од Македонија, која потоа стана портпаролка на партијата. Вториот голем адут беше освоен со пристапувањето на познатата телевизиска водителка Силвана Симонс, чие семејно потекло е од поранешната колонија Суринам, но и со најавата за кандидатура на партијата на парламентарните избори во Холандија следната година.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина