Ракометарите на унгарскиот шампион Веспрем се пласираа во финалето од Лигата на шампионите откако во второто полуфинале во Келн го победија германски Кил со 31:28 по продолжение. Во регуларниот дел беше 25:25.
Бундеслигашот во последната минута од регуларниот дел имаше гол предност (25:24) и напад, кој не го реализираше, а Гашпер Маргуч постигна гол за израмнување на пет секунди до крајот. Во продолжението Весперм беше подобар и обезбеди пласман во финалето втора сезона по ред. Најефикасни на дуелот беа Момир Илиќ (Веспрем) и Марко Вуин (Кил) со по 8 голови.
Во првото полуфинале Киелце го победи ПСЖ со 28:26.
Утре од 18 часот во финалето ќе играат: Киелце – Веспрем, додека дуелот за третото место меѓу ПСЖ – Кил ќе почне од 15:15 часот.