Киелце прв финалист во ракометната Лига на шампионите

Од:

Ракометарите на Киелце се првите финалисти на завршниот турнир од Лигата на шампионите што се игра во Келн. Тие попладнево по голема борба и изедначен дуел го совладаа дебитантот на „Ф4“ ПСЖ со 28:26 (16:16). За Киелце ова е прво финале во своето трето учество.

Натпреварот беше решен во последните пет минути кога Киелце имаше серија од 5-1 и од негатива од еден гол мина во водство.

Најефикасен на натпреварот беше Михаел Хансен од ПСЖ со 10 голови.

Второто полуфинале меѓу Кил и Веспрем почнува во 18 часот.

Утре во финалето Киелце ќе игра со победникот од второто полуфинале, додека поразените ќе играат во дуелот за 3.место.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ