Возачот на „Ред Бул“, Даниел Рикардо, ќе ја има пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Монако што ќе се вози низ улиците на Монте Карло. Воедно ова е прва пол позиција за Рикардо во кариерата.
Тој зад себе ги остави двата болида на „Мерцедес“. Нико Розберг имаше второ време, а Луис Хамилтон трето. Во вториот ред од позицијата број четири ќе стартува Себастијан Фетел од „Ферари“.
Победникот на последната трка Макс Верстапен ќе стартува од последната позиција откако имаше проблеми во првата фаза од квалификациите.
Стартот на утрешната трка е во 14 часот.