Свитолина поуспешна од Ивановиќ на Ролан Гарос

Од:

Шампионката на Ролан Гарос од 2008 година, Ана Ивановиќ го заврши настапот оваа година во 3. коло откако денеска беше поразена во два сета од Елина Свитолина од Украина.

Двата сета Свитолина ги доби со идентични 6:4 во гемови. Ова е прв триумф на Свитолина по седумте претходни порази од Ивановиќ. Во следната рунда Свитолина ќе игра со победничката од мечот Серена Вилијамс – Кристина Младеновиќ.

Пласман во осминафиналето на досега завршените мечеви обезбедија уште Јулија Потинцева која ја совлада Карин Кнап со 2-0 во сетови и Тимеа Башчински, која беше подобра од Полин Парментие со истиот резултат.

Според програмата денеска ќе се играат уште пет меча од 3. коло кај жените и седум мечеви во машка конкуренција. Од машкиот дел од турнирот Шпанецот Марсел Гранољерс е во осминафиналето откако вчера поради повреда Рафаел Надал мораше да го откаже настапот.

Денеска на терените на Ролан Гарос ќе настапат и првите носители во двете конкуренции Серена Вилијамс кај жените и Новак Ѓоковиќ кај мажите.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ