Заев учествува на Регионалниот молитвен доручек во Србија

Од:

На покана на Собранието на Република Србија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во Белград, учествува на Регионалниот молитвен доручек.

„Регионалниот молитвен доручек го организира Собранието на Република Србија, како иницијатива за регионално подобрување на односите меѓу соседите, продлабочување на соработката со државите од регионот и светот.

На денешниот настан во Белград, покрај претседателот Заев како претставник од Македонија, присуствуваат повеќе од 200 учесници од регионот и светот, видни гости, конгресмени и претставници на бизнис заедницата од САД, претставници од германскиот Бундестаг како и високи политички претставници на Република Србија.

Претседателот Заев се сретна со делегацијата од САД, предводена од американскиот конгресмен Роберт Адерхолт, а оствари средби и со голем број учесници.

Од клучен интерес за целиот регион е засилена соработка помеѓу земјите и нивна интеграција. Тоа е основен услов за понатамошен економски развој и економска соработка, потенцираше претседателот Заев“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот