Четири екипи со исти шанси за пехарот во ракометната Лига на шампионите

Од:

Четири екипи од кои само една досега била европски шампион ќе се борат денеска и утре за престижниот пехар во ракометната Лига на шампионите.

Келн и „Ланксес Арена“ и оваа година се домаќини на завршниот турнир, а учесници се: полски Киелце, франциски ПСЖ, германски Кил и унгарски Веспрем.

Само екипата на Кил досега била европски шампион и тоа во три наварти (2007; 2010 и 2012 година). Тринаесет екипи по еднаш биле европски шампиони, а најуспешна екипа е Барселона со девет трофеи.

Откако е воведен овој формат на завршен турнир во Келн, ниту една екипа не успеала да го одбрани трофејот, а тоа ќе продолжи бидејќи европскиот првак Барселона беше елиминирана во четвртфинналето.

Во полуфиналето денеска од 15:15 часот ќе играат Киелце и ПСЖ, а од 18 часот е дуелот на Кил и Веспрем. Победниците утре ќе играат во финалето кое почнува во 18 часот, а од 15:15 часот е дуелот за третото место.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ