Секс-шоп во кој се продаваат играчки за возрасни и порно-филмови, се наоѓа преку улица од средното машинско училиште во Нови Сад. Учениците велат дека таа продавница стои на оваа локација со години и дека многумина од нив постојано навраќаат во неа.
За разлика од она што го изјавуваат учениците, вработените и сопственикот на секс-шопот демантираат дека некој кој е помлад од 18 години може да влезе во продавницата. Вечат дека имаат строга забрана за влез на малолетни лица.
Директорот на средното училиште вели дека не знаел дека до училиштето има продавница од овој тип и дека наредил да се провери дали е тоа легално.