ВИДЕО: Овде сме да ја спасиме државата од оние на кои им ја поклонивме на тацна

Од:

Ние, кои многу дадовме за самостална и суверена Република Македонија, од каде го исцрпивме легитимитетот да бидеме овде, сакаме да ја спасиме државата од кои им ја поклонивме на тацна, оние кои ја узурпираа, партизираа и уништија, рече еден од демонстрантите.

– Токму ради тоа, овде сум со вас младите да се бориме заеднички против сиромаштијата, безнадежноста и безперспективноста во Република Македонија. Шарената револуција е автентична и по својата форма и по својата содржина. Ако погледнеме, овде има многу луѓе од различен социјален, културен, религиозен, верски, генерациски состав, меѓутоа, некои од вас се борат за вработување, некои се борат за поголеми плати, некои се борат за посигурна пензија, меѓутоа сите нас не спојува еден заеднички мотив, една заедничка цел, а тоа е борба за поголема демократија, поголема слобода, борба за Република Македонија, рече демонстрантот.

Би можело да ве интересира

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование