Здружението за поддршка на Јохан Тарчуловски ќе го одбележи неговиот роденден

Од:

Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски ги продолжува своите активности кои значат промоција и одбележување на делата на Тарчуловски.

Денес тие на прес-конференција ги соопштија активностите со кои треба да го одбележат неговиот роденден на 17 ноември.

На 17 ноември Јохан Тарчуловски ќе го прослави 38-от роденден, а здружението со свои активности на пригоден начин ќе го одбележи овој ден, бидејќи како што кажаа нема да го заборават неговиот влог како бранител и чесен човек кој ја сака својата земја.

Зздружението за поддршка на Јохан Тарчуловски најави дека во петок со почеток во 11:30 часот во салата во новата општина Бутел ќе се оддржи трибина на тема „Што значи да се биде патриот во денешно време“, на која збор ќе земат универзитетски професори, новинари, политичари и еминентни личности од нашето општество.

Истиот ден со почеток во 19:00 часот во ресторанот „Под Кале“ во присуство на семејството на Јохан Тарчуловски како и неговите најблиски подржувачи ќе биде свечено одбележан неговиот роденден.

Наредниот ден, сабота во 10 часот во Домот за деца без родители 11 Октомври на барање на Јохан Тарчуловски ќе бидат донирани книги кои се од личната библиотека на Јохан.

Веќе во 11 часот истиот ден во спортската сала Антон Димитров близу новата Општина Бутел ќе биде одржан ревијален фудбалски турнир во чест на Јохан Тарчуловски.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска