Мареј без проблеми избори пласман во осминафиналето на Ролан Гарос

Од:

Вториот носител на Ролан Гарос, Енди Мареј без проблеми со 3-0 во сетови го совлада Иво Карловиќ и избори пласман во осминафиналето.

За разлика од првите две кола кога играше по пет сета, Мареј денеска во мечот од 3. коло на теренот мина само три сета. Негов противник во следната рунда ќе му биде победникот од мечот Џон Изнер – Темураз Габашвили.

Кај мажите покрај Мареј осминафинале изборија уште Милош Раониќ и Алберт Рамос-Винолас.

Во женска конкуренција ланската финалистка Луси Сафарова го заврши настапот оваа година во 3. коло откако во три сета загуби од Саманта Стосур со 2-1 во сетови. Стосур на Ролан Гарос во финалето играше во 2010 година.

Убедлива денеска беше Гарбине Мугуруза која со само три загубени гема ја победи Јанина Викмаер. Настапот во оваа рунда го заврши и Петра Квитова, која загуби со 2-1 од Шелби Роџерс.

Пласман во осминафиналето обезбедија уште и романските тенисерки Симона Халеп и Ирина Бегу.

Во тек се уште мечеви во двете конкуренции од 3. коло.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ