Германската полицијата во лов на поранешни терористи

Од:

Полицијата во германската покраина Долна Саксонија започна операција за аспење на тројца поранешни терористи, кои сега се обвинети за кражби во супермаркети во северна Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Тројцата криминалци се поранешни припадници на последната генерација на Фракцијата на Црвената Армија (РАФ), терористичка група формирана во 1970 година.

Даниела Клете, Ернст Фолкер Штауб и Бурхард Гарвег, по кои сега трага полицитата под обвиение за кражби, биле дел од групата која се товари за 30 убиства, бомбашки напади и киднапирање на авион.

Терористичката група престана со своите активности во 1998 година, но голем дел од нејзините членови никогаш не беа откриени.

Германските власти сега сметаат дека тројцата осомничени поранешни припадници на оваа терористичката група, се одговорни за кражба на околу 380 илјади евра во текот на минатата година.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски