На штрајкот на лекарите се приклучи и Заводот за нефрологија од Струга

Од:

Штрајкот на вработените од клиничкиот центар во Скопје го подржаа и од Заводот за нефрологија во Струга. Поголемиот дел од вработените лекари но не и директорот на оваа здраствена установа својот револт го изразија на своите работни места и пред зградата на болницата .Координаторот на штрајкувачите доктор Асид Муса рече дека нема да се откажат од штрајкот и покрај тоа што кон нив биле упатувани закани за да на излегуваат на протестите и оти им било речено дека за деновите поминати на штрајк нема да добијат дневница.

„Нас не ни е битна дневницата, многу побитно е решавањето на нашата долготрајна ситуација, отколку една дневница. Ние не се противиме за другите кои и со средно образование земаат повеќе отколку ние специјалистите. Или во ЕЛЕМ земаат плата поголема отколку што зема еден општ лекар, но ние го сакаме тоа што нас ни следува.Во штрајкот учествуваат сите колеги без разлика на партиската поделеност. Подршка имаме и од гранковиот синдикат. Итните случаи ги примаме, а на другите им укажуваме прва помош “, вели д-р Асид Муса координаторот на штајкувачкиот одбор.

Услугите на Заводот за нефрологија во Струга ги користат пациенти од соседните градови но и од соседна Албанија. Сите кои побараа лекарска интервенција беа опслужени од страна на персоналот на болницата.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство