Најбрзите и највештите ученици-велосипедисти добија награди од општина Центар

Од:

Учениците од основните училишта во општина Центар, денеска се натпреваруваа и ги покажаа своите вештини во возење велосипед. Најдобрите шестмина добија пригодни награди, а три училишта од општина Центар добија велосипеди. Настанот беше дел од проектот “Цел Центар на Точак“.

Целиот проект за сообраќајно воспитување, кој се изведуваше во секое училиште во општината, за учениците од 6-то до 9-то одделение, беше со цел да се зголемат капацитетите на децата како активни учесници во сообраќајот. На учениците им беа предочени позитивните страни од користењето велосипед и правилата за безбедно учество во сообраќајот.

Честитајќи им на најдобрите и највештите, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, им посочи дека општината води грижа и секогаш ќе ги поддржува активностите и проектите за најмладите, за поздрав живот и нивна безбедност.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски