Македонската одбојкарска репрезентација ја почна втората фаза од подготовките за новото издание на Европска лига која почнува за петнаесетина дена и квалификациите за Европското првенство 2017 година.
Првиот турнир од Европската лига е во Бугарија од 10-ти до 12-ти јуни во Варна ќе го одиграат првиот турнир во групата А, каде се машките сениорски репрезентации на Бугарија, Македонија, Данска и Албанија.
Вториот турнир од Европската лига ќе се одржи во Скопје од 16 до 18 јуни во СЦ „Борис Трајковски“ со Скопје.
Финалето е закажано за 1 и 2 јули во Варна, Бугарија каде ќе се пласираат првопласираните екипи од Група А и Б (Естонија, Белорусија, Австрија и Луксумбург), домаќинот и најдобро пласираната 2-ра екипа од двете групи.
– Успешно го завршивме првиот дел од подготовките во Маврово и сега се наоѓаме во Скопје каде ќе се фокусираме на вториот дел со цел што подобро да се подготвиме за натпреварите кои што следуваат. Тренинзите ќе ги извршуваме во модерниот фитнес центар Synergy Fitness & Spa, како и во салата Градски Парк во Скопје. Атмосферата во репрезентацијата е одлична и сите момци се решени да дадат се од себе за во најмала рака да го повторат минатогодишниот успех, а зошто и да се вратиме дома и со злато. Иако од минатогодишниот список недостигаат Зоран Ѓорѓевски и Вук Карановиќ, кои се повлекоа од настапите во „црвено-жолтиот“ дрес, како и оперираниот Филип Маџунков, сепак мислам дека можеме да обезбедиме пласман во финалниот турнир, изјави селекторот на Одбојкарката репрезентација, Жарко Ристоски.
На подготовките селекторот ги повика: Филип Деспотовски, Ѓорѓи Ѓоргиев, Јовица Симовски, Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов, Иван Андонов, Стојан Илиев, Филип Николовски, Ѓоко Јосифов, Ристо Клопчески, Дејан Симовски, Славе Наков, Васе Михаилов и Дарко Ангеловски.
– Желбата за успех е тука и репрезентативците се желни да докажат дека минатогодишното освојување на сребрениот медал не беше случајно. Во Маврово селекцијата ги започна подготовките и таму ја вративме физичката форма како и што беше планирано, а до патувањето во Бугарија ќе се воигруваме во Скопје и ќе ја темпираме формата. Се радувам на можноста што вториот дел од турнирот ќе го играме во Скопје во СЦ Борис Трајковски пред нашата публика која се надевам дека од 16-ти до 18-ти јуни ќе дојде во што поголем број и ќе не бодри да успееме во нашата цел, учество на фајнл – форот и шанса за борба за златниот медал, истакна капитенот Никола Ѓорѓиев.
За што подобра подготовка на репрезентативците и шанса за повторување на големиот минатогодишен успех, денеска Македонската одбојкарска федерација потпиша меморандумот за соработка со и фитнес центарот „Synergy Fitness & Spa“.
– Со овој договор репрезентацијата своите подготовки може да ги реализира во најдобриот и најмодерниот фитнес центар во Македонија“, изјави главниот менаџер за продажба на Synergy Fitness & Spa, Наде Костадиновски.