Каква е иднината на високото образование, дали денешниот образовен систем соодветствува на потребите и околностите кои владеат во светот, дали онлајн курсевите кои се бесплатни можат да ги заменат Унивезитетите?
Ова се прашањата околу кои дебатираа повеќе ескперти и професори на вториот ден од конференцијата „Отворено образование за отворено општество“, во организација на Фондација Отворено Општество Македонија.
Фредерик Кестер од Универзитетот Брије во Белгија предвидува дека во иднина студентите ќе одат на универзитетите кои ќе користат повеќе технологии.
Според него, системот не е создаден за денешнните студенти, а методите за учење никогаш не биле добро создадени.
„Може да биде беспалтно, може нема да мораат да плаќаат, но онлајн курсевите не можат да бидат замена за традиционалните универзитети“, рече тој.
Според Владимир Трајковиќ, професор на факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство, денес живееме во време на глобални трендови, а универзитетите треба да создаваат кадри кои ќе можат да се соочат со она што ги чека. Поради фактот-глобализација, постои потреба од глобални знањења, односно студентите да најдат работа секаде во светот.
Дали денешниот начин на предавање на универзитетите од истата литература која се учи е промашена работа, односно дали целта на денешното образование треба да биде студентите да се стекнат со одреден занает.
Иако македонското високо образование на државните универзитети е скоро бесплатно, потребно е да се направи системски пристап, рече Климе Бабунски од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања.