Во Идомени и денеска продолжува полициската операција за преместување на бегалци и мигранти од импровизираниот камп во други сместувачки центри.
Грчките власти соопштија дека повеќе од три илјади бегалци досега без проблеми се префрлени со автобуси во нови центри за сместување во северна Грција.
Целта на властите е итно да се ослободи пругата Грција – Македонија која е блокирана веќе 70 дена, а загубите на грчката железница се проценуваат на околу 2,5 милиони евра.
Раководството на „ТраинОсе“ соопшти дека очекува во следните десет дена да се нормализира состојбата со возниот ред. Претставници на компанијата веќе се во Идомени и вршат увид на железничката линија.
„ТраинОсе“ објави дека во 2015 година имала профит од 2,75 милиони евра.