Во потрагата по црните кутии на египетскиот авион се вклучат и две странски фирми

Од:

Египет најми две странски компании кои ќе помогнат во потрагата на црните кутии од авионот на „Иџипт Ер“, кој минатата недела се урна во Средоземно Море, соопшти денеска директорот на египетската авиокомпанија Сафуат Мослем.

Тој наведе дека екипите кои трагаат по црните кутии ќе добијат помош од француска и италијанската компанија, кои можат да вршат потрага до длабочина до 3.000 метри. Но, Мослем не ги наведе имињата на странските компании.

Претходно, египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси изјави дека во потрагата по црните кутии ќе се вклучи и подморница.

Во потрагата по остатоците од авионот и црните кутии учествуваат и авиони и бродови од Велика Британија, Франција, САД, Грција и Кипар. 

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ