Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Кисељак, Босна и Херцеговина.
Тој денеска на стартот на турнирот беше подобар со убедливи 2:0 во сетови (6-0 и 6-2) од квалификантот од Србија, Срѓан Јаковљевиќ. Нашиот тенисер имаше пет брејка, а противникот ниту еден. Утре во меч од втората рунда ќе игра против четвртиот носител на турнирот Дује Кекез од Хрватска.
Денеска настап на фјучрс имаше и Шендрит Деари, но неговиот меч на турнирот во Русе, Бугарија против петтиот носител Рикардо Родригез од Венецуела е прекинат во првиот сет поради дожд.
Деари води со 2:0 во гемови и има сервис во третиот сет.
Продолжението на мечот најверојатно ќе биде утре.