Мека и кремаста торта со фин вкус на бадеми…
Потребно е:
1 чаша (од 250 мл) омекнат путер
1,5 чаша шеќер
3 чаши брашно
1/2 лажиче сол
2 лажичиња прашок за пециво
1 чаша млеко
1 лажиче екстракт од бадем
5 белки
за кремот:
1/2 чаша + 2 лажици брашно
2 чаши млеко
1,5 лажиче екстракт од бадем
2 чаши путер
2 чаши шеќер
бадеми, исечени на листови
Подготовка:
– Прво подгответе го тестото за кората. Изматете го путерот со миксер околу 2 минути. Додадете го шеќерот и матете додека да добиете пенеста смеса.
– Во еден сад измешајте ги брашното, солта и прашокот за пециво и додадете ги кај изматениот путер.
– Во трет сад измешајте ги млекото и екстрактот од бадем. И ова постепено додадете го во горната смеса.
– Цврсто изматете ги белките и додадете ги во смесата. Полека измешајте со дрвена лажица.
– За двете гкори потребни ви се два кружни калапи за торта. Намастете ги и подеднакво поделете ја смесата за корите во двата.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 175 целзиусови степени околу 30 минути.
– Додека се пече тортата подгответе го кремот. Во сад на рингла ставете го млекото да се вари. Додадете го брашното и постојано матете со жица за матење. Загревајте го млекото додека смесата не почне да врие. Тргнете го садот на страна и оставете да се излади. Потоа додадете го екстрактот од бадем и измешајте.
– Изматете го путерот со шеќерот и додадете го во кремот. Измешајте убаво.
– Една печена и изладена кора ставете на чинија за сервирање, премачкајте ја со половина од кремот, поклопете ја со втората кора и потоа целата торта премачкајте ја со остатокот од кремот и посипете со сецканите бадеми.