(ВИДЕО) Пировска: Одбив да го потпишам платниот налог, повторно ќе фрлам боја

Од:

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и универзитетската професорка Мирјана Најчевска се казнети со по 50 евра поради тоа што фрлале боја на протестите од Шарената револуција.

Според Пировска, разговорот во полициската станица Беко траел многу кратко. Полицијата не и покажала никакви снимки, ниту побарала од неа да каже информации за другите лица кои фрлале боја, единствено и кажале дека се работи за сторен прекршок на 24 мај, кога фрлала боја на Министерството за надворешни работи.

– Признав дека сум фрлала боја и притоа изјавив дека не се чувствувам виновна за тоа што сум го строила и дека сметам дека тоа е мое легитимно право како граѓанин на оваа држава да го изразам револтот за она што ни се случува во државава и за политиките на оваа криминална Власт. Одбив да го потпишам платниот налог, понатаму ќе тече постапката, рече Пировска.

Таа истакна дека ги потсетила и на други настани за кои се уште не е пронајден сторителот, а за кои има видео материјали.

– Укажавме дека е несоодветно за прекршок луѓето да бидат повикани на разговор и дека сме свесни дека постапуваат по наредба и дека тие се извршители. На полициските службеници им беше исклучително незгодно од разговорот кој што се водеше и се трудеа тој да заврши што е можно пократко, рече Пировска.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска