Делегација на ЕУ ја откажа средбата со невладиниот сектор

Од:

Еден час пред одржувањето, средбата на која беа поканети 40 невладини организации беше откажана од Делегацијата на ЕУ во Скопје, со образложение во кое пишува „Се извинуваме за предизвиканите непријатности за ова задоцнето откажување“.

Истовремено откажана беше и прес конференцијата на повеќе од 20 невладини организации пред ЕУ инфо центарот на која требаше да кажат зошто нема да присуствуваат на средбата, на која е покането и движењето ГДОМ.

Претставници на повеќе од 20 граѓански организации и движења ќе се обратат на јавноста и ќе ги објават причините за одбивањето на поканата за учество на консултации со амбасадорите на земјите членки на Европската унија на која се поканети и претставници на т.н. движење ГДОМ кои отворено заговараат укинување на невладини организации, шират нетрпеливост и омраза и поттикнуваат насилство, пишуваше во соопштението за прес конференцијата.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

„Фајненшл тајмс“: Европската комисија размислува за распаѓање на дипломатската служба на ЕУ

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски