Согласно пропозициите за натпреварување во соодветниот ранг, денеска и на 29 мај ќе се одиграат бараж пресметките за пополнување на двете најквалитетни фудбалски лиги во Македонија.
Бараж дуел за пополнување на Првата лига ќе играат екипите на Хоризонт Турново и Пелистер.
Натпреварите ќе се одиграат на стадионот Ѓорче Петров двата со почеток во 16 часот.
За место во Втората лига ќе се борат:
Љубанци – Новаци (Градски стадион – Кичево) и
Академија Пандев – Гоблен (Градски стадион Кочани).
И овие натпревари почнуваат во 16 часот.
Подобрата екипа во меѓусебниот дуел од двата натпревари е вкупен победник. Не важи правилото „гол во гости“. Во случај на ист број бодови и гол разлика од двата натпревари, веднаш се пристапува кон изведување пенали.