Ѓоковиќ на прагот да заработи 100 милиони долари

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа пред границата од 100 милиони долари заработени од настапите на турнирите и да стане првиот тенисер кому му успеало тоа.

Во пресрет на „Отвореното првенство на Франција“, единствениот од четирите Гренд слем турнири на кои Ѓоковиќ не успеал да триумфира, српскиот тенисер досега во кариерата има заработено 99.673.404 долари.

За да ја мине магичната граница, тој ќе треба да се пласира најмалку во полуфиналето, за што ќе заработи 565.000 долари. Од 2010 година наваму српскиот тенисер постојано е меѓу четирите најдобри на турнирот во Париз.

Слична шанса како и Ѓоковиќ имаше и Роже Федерер кој досега има заработено 98.011.727 долари, но Швајцарецот го откажа своето учество на „Роланд Гарос“.

Прв кој од настапи на турнири во светот на спортот ја мина границата од 100 милиони долари беше американскиот голф играч Тајгер Вудс.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ