МЗТ Скопје поведе со 2-1 во финалето на кошаркарскиот плеј оф

Од:

Кошаркарите на шампионот МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 2-1 во финалната серија од плеј офот против Куманово откако вечерва во третиот натпревар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ славеа победа со 91:73.

За одбрана на титулата потребна им е уште една победа. Резултат по четвртини: 25:20; 23:23; 22:19 и 21:11.

МЗТ Скопје имаше добар почеток на натпреварот и водство од 15:4 во 5.минута. Гостите од Куманово само еднаш имаа водство во 14.минута кога поведоа со 32:31, но домашниот тим брзо ја врати предноста. МЗТ Скопје во 24. минута вторпат поведе со двоцифрена разлика (57:47). Во последните две минути шампионот МЗТ Скопје „влезе“ со двоцифрена предност – 84:73 со што ја навести победата.

Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 19 поени, додека кај Куманово најмногу поени постигна Александар Костоски со 18.

Следниот дуел се игра на 27 мај во Куманово.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос