Ѓоковиќ без проблеми ја мина првата пречка на Ролан Гарос

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми попладнево забележа победа над Јен Лу со 3-0 во сетови (6:4; 6:1; 6:1) и избори пласман во второто коло на Ролан Гарос.

Пласман во следната рунда избори и домашниот тенисер Жо-Вилфред Цонга, кој со истиот резултат (3-0) го совлада Јан-Ленард Штруф. Убедлив со само три загубени гема беше Давид Ферер во дуелот со Евгени Донски.

Претходно во текот на денот победи постигнаа: Енди Мареј, Рафаел Надал, Томаш Бердих, Џон Изнер.

Кај жените од попладневите мечеви Ана Ивановиќ со 2-1 во сетови ја победи Осеан Додин, а турнирот во првото коло заврши за победничката на Австралија Опен Анжелик Кербер, како и за повеќекратната полуфиналистка на Ролан Гарос, Јелена Јанковиќ.

Според програмата на организаторите вечерва треба да се комплетираат мечевите од првото коло во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ