Холандските парламентарци гласаа за укинување на двојното државјанство за граѓани кои ќе се придружат кон некоја терористичка група како што е т.н. Исламска држава за да се борат како џихадисти.
–Тие џихадисти може да бидат опасност за националната безбедност кога ќе се вратат во Холандија, се вели во соопштение од Министерството за правда.