Вардар ја одбрани шампионската титула

Од:

Ракометарките на ЖРК Вардар денеска и официјално ја потврдија одбраната на шампионската титула. „Вардарки“ попладнево убедливо со 45:24 ја победија екипата на Металург во рамки на заостанат дуел од 4.коло.

За тимот на ЖРК Вардар ова е четврта титула, сите освоени од 2013 година. Со оваа победа во салата „Автокоманда“ актуелниот шампион на Македонија и официјално ја одбрани титулата.
Барбара Лазовиќ беше најефикасна со 7 гола, Андреа Пенезиќ постигна 6. Кај Металург најпрецизна беше Марија Николиќ со 7 гола.

До крајот на првенството овие две екипи ќе одиграат уште еден натпревар, а домаќин ќе биде шампионот ЖРК Вардар и дуелот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ в четврток кога ќе биде и предаден шампионскиот пехар.

Табела: Вардар 21, Металург 15, Вардар јуниор 12, Куманово 3 (-1), Пелистер 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ