Вавринка по пет сета игра се пласира во второто коло на Ролан Гарос

Од:

Актуелниот шампион на Ролан Гарос, Стан Вавринка по пет сета игра во првото коло успеа да го совлада Лукаш Росол од Чешка со 3-2 во сетови и да се пласира во втората рунда.

Вавринка двапати во мечот беше во негатива и губеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но сепак успеа да го елиминира 59-от играч на АТП листата.

Пласман во следната рунда денеска изборија уште и Жереми Парди, Милош Раониќ, Адријан Манариро, Душан Лајовиќ и Џек Сок.

На женскиот дел од турнирот, шампионката од 2009 година Светлана Кузнецова ја победи Јарослава Шведова со 2-1 во сетови.

Пласман во следната рунда обезбеди и четвртата носителка Гарбине Мугуруза, потоа Слоун Стефенс, Мирјана Лучиќ-Барони и Барбара Стрицова.

Дождот и денеска на вториот ден од Ролан Гарос правеше проблеми и програмата доцнеше неколку часа.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ