Есма Реџепова утрово ќе оди во посета на казнено-поправниот дом „Идризово“ и на затворениците ќе им даде домашно месена пита со праз и козметика.
Според весникот „Вест“, дел од здружението „Есма и Стево Теодосиевски“ денеска ќе појде до женскиот затвор „Идризово“ и ќе им дадат мало внимание докажувајќи дека и тие се луѓе и дека со нив треба хумано да се постапува.