Општина Центар: Општина Чаир и кривично ќе одговара доколку бесправно ги поставила спомениците

Од:

Општина Центар ја известува јавноста дека воопшто не е запознаена, ниту пак учествувала, во ноќното тајно поставување на трите спомениците на албанските дејци.

Во својот добро препознатлив стил, ноќе, за викенд и пред празник, далеку од очите на јавноста, Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги постави преостанатите три споменици, нарачани од претходното раководство на општина Центар. За ова сценарио, градоначалникот Жерновски веќе одржа прес конференција, на која ја разоткри политичката игра на Груевски и Ахмети од 2013 година, кога намерно било одложено поставувањето само на овие три споменици.

Според договорот склучен меѓу претходното раководство на општина Центар и леарницата Гуастини, надлежна за изработка, транспорт и поставување на спомениците е исклучиво леарницата.

Според медиумите, општина Чаир ја преземала улогата да асистира и да го реализира ова ноќно поставување, што е целосно спротивно на законот и надлежностите.

Поради тоа, градоначалникот на општина Центар денес ги задолжи надлежните инспекциски служби да ги истражат овие наоди. Доколку се констатира дека општина Чаир бесправно ги поставила спомениците, кон неа ќе бидат превземени сите законски мерки, вклучувајки и кривична одговорност. Општина Центар ќе побара од општина Чаир да каже во која постапка е избран изведувачот за поставување на спомениците и која е компанијата која бесправно ги постави спомениците. Сосема е јасно дека општина Чаир ниту може ниту има надлежност да издава одобрение за поставување на споменици на територијата на друга општина.

Преку кршење на законите, а со јасна цел за провоцирање на меѓуетнички тензии, Ахмети и Груевски се обидуват да ја дефокусираат јавноста од актуелната политичка состојба. Општина Центар нема да наседне на нивните политички провокации, но исто така, општината нема да дозволи непочитување на законите и упади во нејзината територија.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории