Средба Жерновски – Ван Калстер

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, оствари средба со амбасадорот на Кралството Белгија во Бугарија, Н.Е. Аник Ван Калстер, надлежна за Македонија.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за “Шарената револуција“ и секојдневните протести, предизвикани од аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов за политичарите. Разменети се и мислења за значењето и овозможувањето на Специјалното јавно обвинителство да ја заврши својата работа, како и за развојот на идните настани.

На средбата се разговараше и за можната идна соработка на општина Центар со општини во Кралството Белгија.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец