Книжевниот првенец на Пипа Мидлтон, помладата сестра на британската принцеза Кејт, е голем извор на забава за циничните коментатори во Велика Британија. Кога ќе ги видите сите баналности на советите кои таа, како професионален организатор на журки, прослави и кампирања, ги споделува со своите читатели, јасно ви е зошто. На пример: “Најдобро е ѕвездите да се гледаат навечер, кога небото е ведро”, мудро открива Пипа.
Во книгата која во британските и американските книжарници доживеа целосен дебакл, бидејќи се продава полошо дури и од детската книга за прасицата Пепи, Пипа меѓу другото ги оддава и своите кулинарски вештини, па така го открива и непознатото:
“Можете да распарчите пилешко на делови кои се состојат од батак, карабатак, крилца и гради.”
Списокот на “мудрости”, кои се всушност општо познати факти, скоро е бескраен, “Има нешто многу британско во чајот”, “одредете место за палтата на гостите и ослободете закачалки кои гостите ќе ги користи”, “универзален феномен е што луѓето го пречекуваат првиот ден на Новата Година”…
А што да се каже за оваа новина? “Кога ќе подготвувате подарок, не заборавајте да ја отстраните цената од него”, но пред тоа, “ставете го подарокот на украсна хартија за завиткување за да измерите колку хартија ќе ви биде потребна”…